Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 24 септември 2026 г. на МРТ 1
Во новото издание на емисијата:
– зошто МВР купува храна и пијалаци по цени повисоки од оние во маркетите – ги споредуваме цените на производи од тендерот за исхрана вреден 17,5 милиони евра и истражуваме како, од три пријавени фирми, останала само една прифатлива понуда;
– кој ги дели, а кој ги добива државните пари за невладини организации – ги отвораме документите за проектите поддржани од Министерството за односи меѓу заедниците; што се финансира со 290 илјади евра наменети за промоција на меѓуетничките односи;
– од Охрид ја донесуваме приказната за Светлана Мојсов, научничката чии откритија помогнаа да се отвори патот кон новите терапии за дијабетес и дебелина; за значењето на овие лекови во секојдневното лекување, нивната примена и можните злоупотреби разговараме со дијабетологот Недеска-Минова;
– Саботажа.
