Ако истрагата за случајот „Рекет“ се прошири и на пратеници и се бара притвор, спикерот Талат Џафери ќе ги врати колегите од годишен одмор на седница за одземање на имунитет. За претседателот на Собранието, информациите за наводна инволвираност на пратеници во случајот се шпекулации. Сепак, ако се стигне до таква фаза, тој вели дека ќе се раководи според процедурата.

„Собранието е во постојано заседавање. Каде и да се, се знае дека треба да бидат подготвени да се вратат за одредено време. Ако има потреба ќе планирам со координаторите на пратеничките групи за да имаат информација кој пратеник каде ќе биде и во случај на потреба ќе знаеме во кој рок ќе може пратениците да се вратат во Собранието“,
вели Џафери