Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 17 септември 2026 г. на МРТ 1
Во фокусот на ова издание:
– државата веќе ја има „Везилка“, најавена како домашна платформа што треба да ги обедини услугите засновани на вештачка интелигенција; тогаш, за што Генералниот секретаријат планира нови 1,6 милиони евра – за неопходно надградување или за уште еден систем со иста намена;
– невремето помина, но зад себе остави 190 паднати дрвја и прашања за безбедноста на скопското зеленило; истражуваме зошто не се постапило по веќе издадените решенија за сечење и кроење и кој ја носи одговорноста;
– ветувањата на локалните власти под лупа на граѓаните; што е сработено, што останало само во предизборните програми и може ли јавниот надзор да донесе поголема отчетност;
– како Косово ги дочека одлуките од Хаг и какви политички и општествени последици може да предизвикаат – со новинарката на БИРН, Џорџина Бами, која го следеше судењето, го анализираме процесот и она што следува;
– „Саботажа“.
