Според американската Централна команда (ЦЕНТКОМ), четири танкери се нападнати во Оманскиот Залив, а еден во близина на островот Харг, важен центар за извоз на иранска нафта во Персискиот Залив. Еден од бродовите е погоден, по што се запали и потона
Иран, пак, возвратил со ракетен напад врз Јордан, при што како цел ја навел воздухопловната база „Мувафак Салти“, која ја користат американските сили. Јорданската армија соопшти дека противвоздушната одбрана пресретна 20 балистички ракети, од кои 18 се успешно уништени, додека две паднаа во ненаселени области. Нема пријавено загинати
Американската војска изврши напади врз пет ирански танкери, при што еден од нив потона, откако Иран во два наврати се обиде со балистички ракети да нападне американски воен брод.
Нападите предизвикаа остра реакција од Техеран, кој истрела серија ракети кон Јордан, со образложение дека цел се американски воени објекти.

Според американската Централна команда (ЦЕНТКОМ), четири танкери се нападнати во Оманскиот Залив, а еден во близина на островот Харг, важен центар за извоз на иранска нафта во Персискиот Залив.
Еден од бродовите е погоден, по што се запали и потона.
M/T Riesco sinks in the Gulf of Oman, Sept. 8, after being destroyed by CENTCOM forces in response to attempted IRGC attacks on a U.S. Navy warship. pic.twitter.com/EkmG8uyMT9
— U.S. Central Command (@CENTCOM) September 9, 2026
Од ЦЕНТКОМ соопштија и дека на екипажите им било наредено да ги напуштат бродовите пред да бидат извршени нападите.
Иранските државни медиуми објавија дека екипажите на два брода се евакуирани со чамци за спасување.
CENTCOM forces destroyed five Iranian crude oil carriers, Sept. 8, after the Islamic Revolutionary Guard Corps (IRGC) targeted a U.S. Navy warship with ballistic missiles twice over the past two days. The U.S. warship successfully evaded the attempted Iranian attacks and… pic.twitter.com/Gi8a2tloN1
— U.S. Central Command (@CENTCOM) September 8, 2026
Американската страна наведе дека нападите врз танкерите се одговор на двата обида на Иран во изминатите денови да погоди американски воен брод. Бродот ги избегна ракетите и продолжи со патролирање во регионалните води, а според ЦЕНТКОМ нема повредени американски војници.
Иран, пак, возвратил со ракетен напад врз Јордан, при што како цел ја навел воздухопловната база „Мувафак Салти“, која ја користат американските сили.
Јорданската армија соопшти дека противвоздушната одбрана пресретнала 20 балистички ракети, од кои 18 се успешно уништени, додека две паднаа во ненаселени области. Нема пријавено загинати.
Ескалацијата доаѓа откако американските сили изминатиот викенд нападнаа три ирански танкери со сурова нафта, како одговор на ирански обид за напад врз американски носач на авиони и разурнувач со наведувани ракети.
Иран дополнително се закани дека ќе напаѓа танкери во близина на пристаништата во Бахреин и Кувајт, предупредувајќи ги екипажите да ги напуштат бродовите.
It appears that Iran's latest missile barrage targeting U.S. bases in Jordan is forcing defenders to expend a large number of interceptors. pic.twitter.com/Fk2ltdm6MW
— Clash Report (@clashreport) September 8, 2026
Американскиот државен секретар Марко Рубио порача дека Вашингтон ќе возвраќа секогаш кога Иран ќе се обиде да нападне американски воени бродови, предупредувајќи дека за секој таков обид Иран „ќе губи танкери“.
