СДСМ и коалицијата „Можеме“ својата програма за претстојните парламентарни избори ја објавија и на знаковен јазик.
„Водејќи се од принципите на инклузивност и еднаквост, шесте клучни столба од Програмата ги објавивме на знаковен јазик. На овој начин, најважните, клучните ветувања и заложби на СДСМ и коалицијата ‘Можеме’ сега се достапни и за лицата со оштетен слух и за лицата со оштетен вид“,
соопштија од коалицијата.