Станува збор за региналната иницијатива што ги поврзува гасните системи на Грција, Бугарија, Романија, Унгарија, Словачка, Молдавија и Србија
Според министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, вертикалниот енергетски коридор не е само гасоводна инфрастуктура, туку ја преставува новата безбедносна, економска и геостратешка архитектура на Југоисточна Европа
Со потпишување на Меморадум за разбирање, Северна Македонија и официјално стана дел од иницијативата Вертикален коридор за поврзување на системите за пренос на природен гас во Југоисточна и Централна Европа.

Меморандумот денес го потпиша извршниот директор на „Номагас АД Скопје“, Недим Рама, во рамките на 10. Форум за енергетика на Југоисточна Европа (СЕЕФ) што се одржува во Солун, Грција.
Со ова „Номагас“ се приклучува на операторите на системите за пренос на природен гас кои го развиваат Вертикалниот коридор, односно на региналната иницијатива што ги поврзува гасните системи на Грција, Бугарија, Романија, Унгарија, Словачка, Молдавија и Србија. Иницијативата, како што соопштија од државната компанија, создава поширока оска за пренос на природен гас во насока југ – север. – регионална иницијатива што ги поврзува гасните системи на Грција, Бугарија, Романија, Унгарија, Словачка, Украина, Молдавија и Србија и создава поширока оска за пренос на природен гас во насока југ–север.
„За Северна Македонија, приклучувањето кон Вертикалниот коридор ќе ја зајакне регионалната соработка, ќе поддржи подобра интеграција на нашиот национален систем за пренос на природен гас со пошироката европска мрежа, ќе ги диверзифицира рутите за снабдување со гас и ќе ја унапреди сигурноста на снабдувањето во регионот“,
истакна извршниот директор на „Номагас“, Недим Рама.
На потпишувањето на Меморандумот присустуваше и министреката за енергетика, рударство и минерални суровни, Сања Божиновска, кој претходно кажа дека Ветикалниот енергетски коридор не е само гасоводна инфрастуктура, туку ја преставува новата безбедносна, економска и геостратешка архитектура на Југоисточна Европа.
„Денес сум исклучително горда да истакнам дека, по интензивни дипломатски напори, Северна Македонија официјалкно се приклучува кон Вертикалниот гасен коридор. Ова е историски момент преку кој, по цели три децении, ја прекинуваме нашата целосна завиност од една гасна рута“,
кажа министерката.

Меморандумот, велат од „Номагас“, воспоставува рамка за координиран развој и работа на меѓусебно поврзаните системи за пренос гас. Фокусот е на подобро искористување на на постојната инфраструктура, надминување на тесните грла, зголемување на капацитетите на интерконекциските точки и унапредување на можностите за двонасочен проток на природен гас.
Соработката, како што се наведува опфаќа и технички, регулаторни и комерцијални прашања, со цел Вертикалниот коридор да стане пофлексибилен, поконкурентен и поатрактивен за корисниците на мрежата.
За спроведување на Меморандумот, според компанијата е предвиден Управувачки комитет составен од главните извршни директори на потписниците, како и Проектен тим што ќе ги спроведува договорените активности и, по потреба, ќе формира специјализирани работни групи за технички, комерцијални и регулаторни прашања.
Новиот Меморандум, како што додаваат од „Номагас“, го заменува Меморандумот од 19 јануари 2024 година и важи три години, со можност за автоматско продолжување за уште една година доколку ниту една страна не се спротивстави.
Од државната компанија потсетуваат и на другите енергетски инфраструктурни проекти што ги реализира Северна Македонија, како што изградбата на гасниот интерконектор меѓу со Грција, кој е во тек, а паралелно се работи и на интерконекторот со Србија.
Министерката Божиновска денеска информира дека интерконекторот со Грција се очекува да биде оперативен во 2027 година, а по неговото пуштање во употреба, Македонија ќе обезбеди почетен капацитет од 1,4 милијарди кубни метри природен гас годишно, со реална можност за двојно зголемување на овој капацитет во иднина на 2,8 милијарди кубни метри.
„Веднаш продолжуваме со следниот чекор – планираниот 23-километарски интерконектор со Србија. Преку овој проект, Северна Македонија се стреми да стане клучен енергетски транзитен центар што го поврзува југот со Централна и Источна Европа“,
кажа Божиновска.
Таа пред потпишувањето на Меморандумот, учествуваше на панел во рамките на SEEF, заедно со своите колеги од Грција, Бугарија и Кипар, на кој во повеќе детали говореше за овие енергетски инфраструктурни проекти.
