Според најавите од УХМР, до средината на следната работна седмица времето ќе биде сончево и топло со слаба до умерена облачност во текот на денот
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 33 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до средината на следната работна седмица времето ќе биде сончево и топло со слаба до умерена облачност во текот на денот. До понеделник ќе дува северозападен ветер кој во недела и понеделник вдолж Повардарието ќе надминува брзина од 40 километри на час. Од вторник ветерот ќе го смени правецот во југозападен.
