Во утринскиот извештај на ЦУК се наведува дека во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, а покрај двата активни уште три се под контрола, а 22 се изгаснати

Два активни пожари се регистрирани утринава до 7:30 часот, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во утринскиот извештај на ЦУК се наведува дека во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, а покрај двата активни уште три се под контрола, а 22 се изгаснати.
Според нив, активен пожар има во Општина Маврово и Ростуше, кај месноста Голем Брдаш, каде што гори шума. Вториот активен пожар е во скопската Општина Шуто Оризари, кај Визбегово, зад хотелот „Њу стар“. На оваа локација, како што велат од ЦУК, е запалена депонија.
Пожари под контрола се во Општина Зелениково над селото Палиград, во Општина Сарај кај селото Копаница и во Општина Струга кај селата Пискупштина, Буринец и Локов.
Изгаснатите пожари се во повеќе општини каде што гореле нискостеблеста и борова шума, ниска вегетација, канадски тополи, бали со сено, грмушки и депонии.
