До почетокот на следната седмица, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во четврток и петок ќе дува засилен ветер, претежно од северен правец

Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност е прогнозата на метеоролозите за денешниот ден. На некои места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од 14 до 22 Целзиусови степени, а дневната од 30 до 36 степени.
И во Скопје времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за формирање на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 21 до 35 степени.
Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре не очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, а на некои места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура утре ќе се искачи до 35 степени.
До почетокот на следната седмица, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во четврток и петок ќе дува засилен ветер, претежно од северен правец.
