„Секако, земјите кандидатки прво мора да ги исполнат условите за членство. Проширувањето ќе функционира врз основа на постигнатите резултати, но и европските лидери мора да бидат подготвени да го поддржат проширувањето. Во исто време, лидерите на земјите членки во своите земји мора да објаснат зошто овој процес е важен бидејќи треба да зборуваме и за фактот дека постои страв од проширување кај земјите членки“, рече таа
Земјите кандидатки мора да добијат јасен сигнал дека Европската Унија е сериозна и подготвена за проширување, рече денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос на Стратешкиот форум на Блед,.

„Кандидатките за членство мора да добијат јасен сигнал дека ЕУ е сериозна во врска со проширувањето и дека е подготвена за тоа“,
изјави Кос на панелот насловен „Проширување или маргинализација?“, објави словенечката новинска агенција СТА.
Проширувањето, според Кос, не е можно без поддршка од европските лидери.
„Секако, земјите кандидатки прво мора да ги исполнат условите за членство. Проширувањето ќе функционира врз основа на постигнатите резултати, но и европските лидери мора да бидат подготвени да го поддржат проширувањето. Во исто време, лидерите на земјите членки во своите земји мора да објаснат зошто овој процес е важен бидејќи треба да зборуваме и за фактот дека постои страв од проширување кај земјитечленки“,
рече таа.
Министерот за надворешни работи на Црна Гора, Ервин Ибрахимовиќ, оцени дека војната во Украина покажа дека процесот на проширување не е само за реформи, туку и за безбедност.
Црна Гора, која покрај Албанија постигна најголем напредок во процесот на пристапување кон ЕУ, сака да ги заврши преговорите со Брисел до крајот на годината.
На панелот учествуваше и албанскиот министер за надворешни и европски работи, Ферит Хоџа, кој истакна дека земјата што прва ќе ги исполни условите со пристапувањето кон ЕУ ќе ја прекине магијата.
„Тоа би била вистинската порака до државите, дека членството во ЕУ ги чека по исполнувањето на условите. Проширувањето е двостран процес – и земјите кандидати и ЕУ мора да си ја завршат домашната задача, која би ја изгубила својата веродостојност во случај на нов застој“,
кажа тој.
Сличен став изнесе и државната секретарка за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Словенија, Тамара Вајнгерл Пожар, оценувајќи дека ЕУ мора да остане веродостојна во процесот на проширување.
„Словенија ќе продолжи да биде силен поддржувач на проширувањето, како во случајот со земјите од Западен Балкан, така и со Украина и Молдавија, со акцент на принципот на еднаков третман и исполнување на условите“,
рече таа.
Претставничката на германското Министерство за надворешни работи Натали Каутер кажа дека наредните недели и месеци ќе бидат клучни за проширувањето на ЕУ, во пресрет на Самитот на ЕУ во октомври и објавувањето на годишниот извештај за проширување на ЕУ.
„Нашата задача е да ги убедиме Европејците дека проширувањето на ЕУ не е важно само за Западен Балкан, туку е во национален интерес на сите земји членки. Многумина се сомневаат во понатамошното проширување на ЕУ, затоа е толку важно двата водечки кандидати, Црна Гора и Албанија, да успеат. Ако проширувањето не успее, цените ќе бидат високи не само за Западен Балкан, туку и за ЕУ“,
кажа Каутер.
