„Политико“ пишува дека директорот на американската разузнавачка агенција предупредил на потенцијална ескалација на војната во Украина, во која би биле вклучени источните сојузници на НАТО во балтичкиот регион. Тој, исто така, го повикал Кремљ да ја намали својата воена и финансиска поддршка за Иран
Директорот на Централната разунавачка агенција (ЦИА), Џон Ретклиф, за време на неговата посета на Москва, наводно ја предупредил Русија да не отвора фронт и да не ги напаѓа сојузниците на НАТО, објавија вчера „Волстрит журнал“ и „Политико“, повикувајќи се на неименувани извори.

Ратклиф го посети рускиот главен град во вторникот, но засега многу малку се знае за содржината на неговите разговори.
„Политико“ пишува дека директорот на американската разузнавачка агенција предупредил на потенцијална ескалација на војната во Украина, во која би биле вклучени источните сојузници на НАТО во балтичкиот регион. Тој, исто така, го повикал Кремљ да ја намали својата воена и финансиска поддршка за Иран, додаваат медиумите.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, како што пренесоа руските агенции, потврдил дека Ратклиф отпатувал во Москва на разговори меѓу безбедносните служби, но нагласил дека шефот на ЦИА немал средба со претседателот Владимир Путин.
Инаку, според пишувањата на медиумите, ова невајверојатно е прво патување на Ратклиф во Москва како директор на ЦИА. Последната позната посета на шеф на ЦИА во Русија се случила во 2021 година, кога тогашниот директор Вилијам Бернс отпатувал во Москва, каде имал средба и со претседателот Путин.
Бернс беше испратен од тогашниот американски претседател Џо Бајден во обид да спречи ескалација на рускиот конфликт со Украина, кој една година подоцна прерасна во отворена војна, која сè уште трае.
Посетата на актуелниот директор на ЦИА, Џон Ретклиф, на Москва, кој завчера слета на рускиот аеродром „Внуково“ со воен авион што полетал од Рига, Латвија, американскиот претседател Доналдт Трамп ја оцени како „полурутинска“, в телефонско интервју за конзервативниот радиоводител Глен Бек.
Како што пренесе „Гардијан“, Бек го прашал претседателот дали посетата има врска со шпекулациите дека Путин е подготвен да ја тестира решителноста на НАТО да ги брани своите земји членки од надворешни напади, но Трамп ги отфрлил шпекулациите дека средбите во Москва биле поврзани со можна ескалација од Русија.
Ненадејната посета на Ратклиф на Москва е тема што го привлекува вниманието на светските и на регионалните медиуми, бидејќи доаѓа во време кога САД се обидуваат да им стават крај на војните во Украина и во Иран
