Една недела по првичниот преглед, неговата состојба барала хоспитализација поради тегоби слични на грип. Кон средината на август, болеста напредувала, што довело до појава на компликации и префрлање на пациентот на невролошки оддел за лекување

Прв случај на западнонилска треска оваа година е регистриран денеска во Бугарија, објави Националниот центар за заразни и паразитски болести.
Според здравствените власти, инфекцијата е официјално регистрирана помеѓу 17 и 23 август. Мажот, кој бил од Пловдив и на возраст од 63 години, побарал медицинска помош кон крајот на јули, кога бил прегледан од лекар поради болки во мускулите, кашлица и треска. Самиот пациент тврди дека не забележал дека го каснале комарци за време на престојот на море.
Една недела по првичниот преглед, неговата состојба барала хоспитализација поради тегоби слични на грип. Кон средината на август, болеста напредувала, што довело до појава на компликации и префрлање на пациентот на невролошки оддел за лекување.
За споредба, анализата на Националниот центар за заразни и паразитски болести покажува дека во изминатата 2025 година, во Бугарија се регистрирани вкупно 31 случај на болеста.
