Премиерот најави дека наскоро треба да продолжат активностите и на други делници од Коридорот 8. Очекува во одреден период на територијата на државата истовремено да се градат шест автопатски делници, како Скопје – Блаце, Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Букојчани – Кичево, Кичево – Охрид и Прилеп – Битола, нешто што, додаде, никогаш во минатото не се случило
На делницата се предвидува изградба на пет тунели со лева и десна цевка, осум моста, 11 потпатници, четири галерии и девет потпорни ѕидови. Автопатот ќе има два коловоза со по две сообраќајни ленти и лента за застанување, со вкупна ширина од околу 27,5 метри. Рокот за изградба е четири години
Почетокот на изградбата на автопатот Скопје – Блаце во должина од околу 10,5 километри е историски момент за државата, кој денеска станува реалност. Ова го соопшти премиерот Христијан Мицкоски на денешното поставување камен-темелник за изградбата на оваа делница.

Посочи дека проектот повеќе од две децении бил претставуван дека само што не почнал да се реализира.
Делницата, според него, ќе придонесе за подобро економско и транспортно поврзување меѓу Северна Македонија и Косово, како и за зголемување на размената меѓу двете земји.
Покрај тоа, додаде и дека изградбата на автопатот е дел од стратешката определба на Владата да се позиционира како важна сообраќајна раскрсница на Коридорите 8 и 10.
„Би сакал да го изразам своето задоволство што македонска компанија ќе ги изведува градежните работи на овој проект. Тоа значи дека ќе имаме дополнителна додадена вредност во македонската економија, повеќе работни места за македонските граѓани, нешто коешто претставува еден од врвните приоритети на оваа влада“,
рече Мицкоски.
Премиерот најави дека наскоро треба да продолжат активностите и на други делници од Коридорот 8. Очекува во одреден период на територијата на државата истовремено да се градат шест автопатски делници, како Скопје – Блаце, Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Букојчани – Кичево, Кичево – Охрид и Прилеп – Битола, нешто што, додаде, никогаш во минатото не се случило.
„Кога градите улица, кога градите пат, кога градите автопат, вие градите иднина. Ние денеска почнуваме да градиме иднина за нашите млади“,
додаде премиерот.
Според него, Владата ќе продолжи да се фокусира на економскиот развој и на реализација на капитални проекти, оценувајќи дека патриотизмот во 21 век подразбира силна економија, повисок стандард, владеење на правото и борба против криминалот и корупцијата.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски посочи дека овој проект ќе придонесе за подобро транспортно и економско поврзување на земјата со регионот,
„Навистина е убаво кога се почнуваат нови проекти и кога се гледа нешто што во следните неколку години ќе донесе дополнителен развој, едно силно поврзување на нашата држава со Косово и со Црна Гора, отворање кон најмалку две пристаништа, како Драч и Бар – и уште повеќе зацврстување на Македонија како една раскрсница на Балканот“,
рече Николоски.
Според него, една од определбите на Владата е државата да се позиционира како транспортна раскрсница на Балканот, имајќи ја предвид географската положба и поврзувањето на паневропските коридори 8 и 10, на кои, како што рече, се надоврзуваат и коридорите 11 и 6.
Пет тунели, осум моста, 11 потпатници и четири галерии
Поради ридско-планинскиот терен, директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски, оцени дека станува збор за технички сложен проект. На делницата се предвидува изградба на пет тунели со лева и десна цевка, осум моста, 11 потпатници, четири галерии и девет потпорни ѕидови.
Автопатот ќе има два коловоза со по две сообраќајни ленти и лента за застанување, со вкупна ширина од околу 27,5 метри. Рокот за изградба е четири години.
Според Трајановски, со изборот на фирмата „Гранит“ за изведувач се создадени услови за почеток на градежните работи.
За изградбата се обезбедени 167,6 милиони евра преку заем од Европската банка за обнова и развој, грант од 30,82 милиони евра од Рамката за инвестиции за Западен Балкан, како и средства од буџетот на ЈПДП за експропријација.
Трајановски посочи дека автопатот ќе овозможи подобро поврзување на Северна Македонија со Косово, а преку него и со Србија, Црна Гора, Албанија и пристаништето во Драч.
Косовскиот премиер Албин Курти на поставувањето на камен-темелникот
На поставувањето на камен-темелникот присуствуваше и косовскиот премиер Албин Курти, кој во својот говор рече оти е среќен што се наоѓа тука токму во моментот кога почнува изградба на една нова врска меѓу двете земји.

„Оваа делница ќе ја зајакне инфраструктурната врска меѓу Косово и Северна Македонија. Но, освен што ќе се скрати дистанцата на патување, ќе се олесни протокот и ќе се создадат нови можности за соработка за граѓаните и економиите на двете земји. Нашите две држави секојдневно имаат висок проток на граѓани од двете страни на границата. Само преку граничниот премин ‘Елезхан‘ поминуваат околу 54 илјади камиони годишно или околу 150 камиони дневно. Затоа секој нов километар пат е инвестиција во животот на нашите граѓани и во економскиот развој на државите“,
рече тој.
