Во делови од државата попладне се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекуваат попладне во делови од државата.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 13 до 20 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 29 до 37 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во делови од котлината попладне ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Температурите ќе се движат од минимални 19 до максимални 37 степени.
Според УХМР, следува период на сончево и топло време, со услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи во попладневните часови.
