Повикувајќи се на нивни извори, од партијата велат дека Груби наводно бил убедуван да склучи спогодба со Обвинителството, односно да прифати вина и да добие далеку полесна санкција, но со тоа да стави крај на амбициите да ја преводи ДУИ
Според партијата, интересен факт е и што адвокатите на повеќето обвинети во овој случај се, како што велат, правосудните играчи од времето на Груевски и Мијалков
Од владејачката Влен денеска соопштија дека по вчерашното одржување на првото судско рочиште против поранешниот прв вицепремиер и висок функционер на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Артан Груби се повеќе се отвораат прашањата за обидите овој процес да се затвори преку спогодба со Обвинителството.
Оваа реакција следи откако вчера Груби и уште шест обвинети седнаа на обвинтелна клупа за злоупотреби во „Државна лотарија“, тешки 8,2 милиони евра.

Повикувајќи се на нивни извори, од Влен велат дека Груби наводно бил убедуван да склучи спогодба со Обвинителството, односно да прифати вина и да добие далеку полесна санкција, но со тоа да стави крај на амбициите да ја преводи ДУИ.
„Али Ахмети проценил дека судењето е многу ризично, бидејќи темераментот на Груби е таков што тој може преку медиумите да го разјадува рејтнгот на ДУИ. Гриби веќе имал договорени интервјуа бидејќи бил уверуван дека нема да има обвинение, па потоа непријатно се изненадил. Продолжувањето на мерката куќен притвот е дополнителен притисок за да направи спогодба пред судењето да почне“,
се вели во партиското соопштение.
Според партијата, интересен факт е и што адвокатите на повеќето обвинети во овој случај се, како што велат, правосудните играчи од времето на Груевски и Мијалков.
„Ова е серионзен сигнал дека во ДУИ се спушти гардот и се игра со сите оружја“,
додаваат од Влен.
Сепак, оттаму додаваат дека останува дилемата зошто не се обезбедува присуство на првиот соработник на Груби, Прпарим Бајрами.
„Дали заедно со преквалифакицијата на делото му се дава уште една порака на Али Ахмети за сите матни игри има контраудар?“,
прашуваат од партијата.
Ниту потпретседателот на ДУИ, Бијар Османи, како што велат од Влен, не бил среќет оти одредени меѓубародн адреси му ја прочитале играта зад брифинзите.
Сметаат дека за мафијашкото политбиро во ДУИ допрва следуваат тешки денови.
Груби, и уште шест обвинети вчера седнаа на обвинтелна клупа за злоупотреби во „Државна лотарија“, тешки 8,2 милиони евра. Во судницата не беше присутен само ексдиректорот на Државна лотарија, Прпарим Бајрами, кој е во бегство.
Покрај Бајрами и Груби, обвинети се поранешниот генерален секретар на владата, Методија Димовски, и поранешни членови на надзорен одбор на Државна лотарија, Скендер Мехмети, Бојан Манев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриовски и Башким Авди.
Почетокот на главната расправа се одложи бидејќи адвокатот на обвинетиот Бојан Јанев побарал увид во предметот за да ја подготви одбраната.
