Вкупно 19 инкриминирани од шверцерската група во двете држави

Две неодамнешни постапки на скопското Обвинителство за организиран криминал и корупција конечно открија нови детали за шверцот на петте тони марихуана од Македонија во Србија по повеќе од шестмесечен молк додека траеше истрагата, пишува „Призма“ во најновата анализа.
Едната е објавената спогодба со двајца од досега осомничените, а другата е најавата на обвинителството за нови седум осомничени.
Имено, Кривичниот суд ја прифати спогодбата меѓу јавното обвинителство и осомничените Драган Стојанов и Александар Ивановски и ги осуди на казни затвор.
Но, всушност, и судската одлука и најавата на обвинителството за нови осомничени се испреплетуваат оти во првата се наведуваат и иницијалите и улогата на некои од новоосомничените.
БИРН, од извори во истрагата, дознава и дека се проверуваат сметките и на други македонски фирми што биле во деловни врски со сопствениците или со самата веќе инкриминирана скопска компанија „Алфафарм.“
Конкретно од пресудата на Основниот кривичен суд со која Стојанов се осудува на три и пол години затвор се дозна дека не еднаш, туку дури петпати криминалната група пренела марихуана преку северната граница, и тоа лани во месеците август, септември и ноември и последен пат, на 13 јануари годинава.
Целиот текст може да го прочитате тука.
