Наместа ќе има услови за невреме проследено со силен ветер и појава на град
Во наредните денови од оваа седмица, според Управата за хидрометеоролошки работи, се очекува претежно стабилно и сончево време, со мала до умерена облачност
Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди, а во попладневните часови, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, се очекува локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме проследено со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од 13 до 22 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 29 степени во Маврово до 38 во Гевгелија.
Во Скопје, според синоптичарите, се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, во делови од котлината, ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 37 Целзиусови степени.
Како што информираат од Управата хидрометеоролошки работи, во текот на оваа седмица времето ќе биде претежно стабилно и сончево со мала до умерена облачност.
