Возачот М.Ј. веднаш бил уапсен и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава

Полски државјанин е лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“ откако бил откриен од полициските системи дека возел со двојно поголема брзина од ограничувањето.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил вчера, во 17:53 часот на излез од државата, кога полициски службеници извршиле редовна проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од 46-годишниот М.Ј. од Полска.
При проверката преку системот „Безбеден град“, било утврдено дека возачот е евидентиран за кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – безобѕирно управување со моторно возило. Тој се движел со брзина од 164 километри на час на делница каде максималната дозволена брзина била 80 километри на час.
Возачот М.Ј. веднаш бил уапсен и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
