Надлежните уверуваат дека се преземаат сите потребни мерки за да се заштитат жителите и имотите во селото Палиград

Во селото Палиград во Општина Зелениково, има пожар што се приближува до куќите. Екипите на Протипожарната бригада на Град Скопје и Центарот за управување со кризи (ЦУК) се на терен и интензивно работат на негово локализирање, информираше вечерва директорот на ЦУК, Мухамед Али.
Директорот Али вели дека противпожарните екипи ќе останат на терен во текот на целата ноќ за континуирано да ја следат состојбата и брзо да реагираат доколку огнот се доближи до домовите.
За утре рано наутро најави дека ќе има воздушна интервенција, која треба да помогне во целосно ставање на пожарот под контрола.
Надлежните уверуваат дека се преземаат сите потребни мерки за да се заштитат жителите и имотите во селото Палиград.

