Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, преку видеопорака испрати поддршка за СДСМ и лидерот Зоран Заев во контекст на изборите. Санчез во обраќањето вели дека пораката ја испраќа не само поради социјалдемократскиот идеал, туку и поради неговото лично убедување. Тој рече дека поддршката ја дава за предизборната коалицијата „Можеме“ предводена од Заев.
„Владата на Заев работеше посветено на овој идеал во изминатите три години и придонесе за значителни подобрувања во однос на минималната плата, социјалната помош и пензиите. Пораката ја испраќам и како европеист. СДСМ, така гласи кратенката на партијата која ја предводи Заев на македонски јазик, која со договорот од Преспа стави крај на долготрајниот спор со Грција. Истовремено, напредувајќи кон надминување на спорот и со другиот сосед, Бугарија. Тоа ѝ овозможи на Северна Македонија да стане членка на НАТО во март оваа година и да дојде до чекор до почеток на пристапните преговори со Европската унија“,
се вели во обраќањето на шпанскиот премиер.