Во оваа фаза поважно е до кој степен Вашингтон е во можност да влијае врз одлуките на режимот во Киев и неговите европски спонзори, кои сè уште сонуваат за стратегиски пораз на Русија, вели рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков
Русија е отворена да слушне нови предлози за тоа како да се постигне решение за украинскиот конфликт, изјави висок руски дипломат, но тој додава дека сите предлози треба да ги одразуваат реалностите на терен.
Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во интервју за медиумот news.ru објавено вчера, изјавил дека САД покажале подготвеност за конструктивен дијалог и разбирање на ставот на Русија.
„Во оваа фаза е поважно до кој степен Вашингтон е во можност да влијае врз одлуките на режимот во Киев и неговите европски спонзори, кои сè уште сонуваат за стратегиски пораз на Русија“,
кажал тој.
Русија и Украина разменуваат напади речиси секојдневно од целосната инвазија на Русија врз Украина во февруари 2022 година, а дипломатските напори во кои учествуваат САД и Европа досега не успеаја да доведат до траен прекин на огнот.
