Високи температури се најавени и за викендот, кога наместа дневната температура се очекува да надмине 40 степени. Но, во недела и следните неколку денови, од УХМР велат дека во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер

Управата за хидрометеоролошки работи соопштува дека времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени.
И во Скопје, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Високи температури се најавени и за викендот, кога наместа дневната температура се очекува да надмине 40 степени.
Во недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град и температурите ќе опаднат за неколку степени.

