На прашањето за одделните изборни листи на коалициските партнери, поточно на СПС, Вучиќ вели дека нема да им го одземе правото на сите да се кандидираат

Парламентарните избори во Србија ќе се одржат на 18 или на 25 октомври, најави српскиот претседател Александар Вучиќ. Точниот датум, како што вели, ќе биде познат во наредните денови.
„Па, дозволете ми да пресметам за вас, за да бидам целосно искрен, значи – парламентарните избори во Србија ќе се одржат, како што стојат работите, или на 18 или 25 октомври, а ние ќе знаеме за неколку дена. Значи, сега добивте конкретен датум“,
рече Вучиќ во гостување во Дневник на РТС.
На прашањето за одделните изборни листи на коалициските партнери, поточно на СПС, Вучиќ вели дека нема да им го одземе правото на сите да се кандидираат.
„Нема да ја злоупотребам можноста како претседател на Републиката да зборувам за партиски прашања“,
рече тој.
Претходно во април годинава Вучиќ рече дека изборите ќе се одржат најдоцна во следните шест и пол месеци.
