Услови за зголемена облачност и краткотраен дожд ќе има попладне, главно на планинските предели
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Услови за зголемена облачност и краткотраен дожд ќе има попладне, главно на планинските предели. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 12 до 17 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат 29 до 38 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 17 до максимални 37 степени.
Според најавата на УХМР, од четврток почнува период на стабилно и многу топло време. Во деновите од викендот дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Во сабота можна е и изолирана нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи.
