„Поради ваквите временски услови, постои висок ризик од појава и ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет на целата територија на државата“, велат од ЦУК и апелираат до граѓаните на максимална внимателност
Речиси целата територија на државата е во зона на висок ризик од пожари – објави утринава Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На пределите означени со портокалова боја на мапата, како што посочуваат од ЦУК, постои висок метеоролошкиот индекс на пожар. Исклучок се пределот на Шар Планина и околината на Охрид и Ресен, каде што има среден метеоролошки индекс на пожар. Тие се означени со жолта боја.
„Поради ваквите временски услови, постои висок ризик од појава и ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет на целата територија на Република Северна Македонија“,
велат од ЦУК.
До граѓаните апелираат на максимална внимателност и одговорно однесување, особено при престој и движење во природа и пријава на 112 доколку забележат пожар.
