Полицијата најави дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите учесници, заедно со надлежните, да придонесат за побезбедни патишта

Синоќа се изречени 63 казни за возење под дејство на алкохол на територијата на целата држава, додека лишени од слобода се осум возачи по член 297-а од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Во текот на изминатата вечер (16/17.08.2026 г.) во периодот од 23:00 до 5:00 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол на територијата на целата држава, при што санкционирани се 63 возачи. Од нив, по 12 на територијата на СВР Битола и СВР Куманово, по девет на територија на СВР Велес и СВР Охрид, осум на територија на СВР Куманово… Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се четири возачи под дејство на алкохол. Лишени од слобода се осум возачи по член 297-а од Кривичниот законик“,
соопшти МВР.
Од МВР велат дека за време на контролата санкционирани се и 162 други видови прекршоци.
Полицијата најави дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите учесници, заедно со надлежните, да придонесат за побезбедни патишта.
