Макс Верстапен, Шарл Леклер и Кими Раиконен беа меѓу шесте возачи на Формула еден кои одбија да клекнат пред Гран При трката во Австрија денеска, во знак на поддршка на движењето против расизам.
Пред трката, возачите се појавија во маици со порака „Крај за расизмот“, која беше испишана и на стартот и на финишот на патеката.

Светскиот шампион Луис Хамилтон, кој единствениот црномурест возач носеше маица со порака „Животите на црнците се важни“, водечкото мото на движењето против расна нееднаквост која започна во САД по смртта на Џорџ Флојд, како последица на полициска бруталност.
Пред возачите да застанат за интонирање на австриската национална химна, тие застанаа во еден ред, пти што 14 клекнаа, додека шестмина останаа да стојат: Шарл Леклер (Ферари, Монако), Макс Верстапен (Ред Бул, Холандија), Карлос Саинс (Мекларен, Шпанија), Кими Раиконен (Алфа Ромео, Финска), Антонио Џовинаци (Алфа Ромео, Италија) и Данил Квајт (Алфа Таури, Русија), но носеа црни маици со порака.
Уште пред почетокот на трката некои од нив се изјаснија зошто тоа нема да го направат. Верстапен и Леклерк причините ги обаснија и на социјалните мрежи.

„Верувам дека она што е важно се фактите и нашето однесување во секојдневниот живот, отколку формални гестови кои може да се сметаат како контроверзни во некои земји. Нема да клекнам, но тоа воопшто не значи дека сум помалку посветен од другите во борбата против расизмот“,
напиша Леклерк.
„Јас сум многу посветен на еднаквоста и борбата против расизмот“, Но, исто така верувам дека секој има право да се изрази на начин што му одговара. Нема да клекнам денеска, но го почитувал и поддржувам личниот избор на секој од возачите“,
напиша Верстапен.
