Во Земун вчера се регистрирани 175 случаи во само еден ден
Во десет градови во Србија е воведена воредна состојба поради порастот на заразени со коронавирус кој достигна 15 829 лица, од кои 306 починаа.
Вонредна состојба е проглаена во Краљево, Нови Пазар, Тутин, Крагујевац, Врање, Ивањица, Белград, Шабац, Чачак и Ариље.
Во изминатите 24 часа се регистирани нови 325 зарзени, а 8 лица починаа. Во Земун вчера се регистрирани 175 случаи во само еден ден. Од понеделник, арената „Штарк“ станува привремена болница со 500 лежаи.
Српските власти на почетокот на пандемијата белградската арена ја претворија во привремена болница, но со олеснувањето на мерки пред изборите, таа беше укината.

Србија воведе и четири нови мерки: задолжително носење на маска во сите јавни објекти и одржување растојание од метар и пол; носење маски во градскиот и меѓуградскиот превоз; забрана за работа на угостителските објекти од 23 до 6 часот на територијата на Белград; забрана за собирање на повеќе од 100 лица на затворени и 500 на отворено.