Со нападот врз ќерката и заканите дека ќе ги запали неа и сопругата, 50-годишниот тетовец освен што ја загрозил нивната сигурност, ги прекршил и мерките за заштита од семејно насилство кои претходно му биле определени од Основниот суд Тетово
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка и предложи притвор за 50-годишен тетовец за кој постои основано сомнение дека ја загрозил сигурноста на своите сопруга и ќерка.

До насилството, како што велат од Обвинителството, дошло кога на 14 август во домот на семејството влегле непознати лица, кои од осомничениот барале да им врати 200 евра што му ги дале на заем за наводно лекување и дијализа на девојчето. Сопругата на тетовецот признала дека тој ги измамил и рекла дека ќе повика полиција
„Во тој момент осомничениот започнал да го удира девојчето и да им се заканува дека ќе ги запали доколку го приведе полиција. Со ова тој предизвикал чувства на загрозување и страв кај оштетенит“,
велат од ОЈО Тетово.
Со ова, тој дополнително ги прекршил и мерките за заштита од семејно насилство кои претходно му биле определени од Основниот суд Тетово. Поради ова, осомничен е и за неизвршување судска одлука.
