Од партијата прават споредба со претходните владини состави, истакнувајќи дека тогаш функциите на заменик-премиерот служеле како реален политички и институционален механизам за заедничко управување

Ниту една седница на владата не ја претседавал првиот заменик-премиер Албанец, реагираат денеска од Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Според ДУИ, од јуни 2024 година до денес ниту еден од првите заменик-премиери Албанци во оваа влада – Изет Меџити, Беким Сали, Арбен Фетаи, нема претседавано со ниту една единствена седница, што ја покажува реалната моќ на албанските претставници во извршната власт
„Ова покажува појасно од која било пропагандна изјава каква е реалната тежина на Албанците во оваа влада“,
се вели во соопштението од ДУИ.
Од ДУИ велат дека функцијата може да се нарекува прв заменик-премиер и може да има канцеларија, кабинет, службено возило и протокол, но сметаат дека доколку повеќе од две години „не ти е доверено раководењето со ниту една единствена седница на Владата“, тогаш, додаваат оттаму, легитимно е да се постави прашањето што е „прво“ во оваа функција.
Од партијата прават споредба со претходните владини состави, истакнувајќи дека тогаш функциите на заменик-премиерот служеле како реален политички и институционален механизам за заедничко управување, додека денес, според нив, се сведени на декор.
Ова е прашање, додаваат од ДУИ, не за тоа колку функции се добиени, туку колку одлучувачка моќ навистина поседуваат функционерите во своите раце.
Вчера, од ДУИ реагира дека записниците од владините седници не се објавуваат и на албански јазик и дека тоа е практика која трае речиси една година.
