Причината за судирот сè уште се утврдува

Дваесет лица се повредени по судирот на патнички и товарен воз меѓу станиците Свети Иван Жабно и Градец во близина на хрватскиот град Крижевци.
Шест од повредените патници се во тешко состојба, меѓу кои и млада жена која е на интензивна нега.
Сите служби за итни случаи интервенирале на местото на несреќата, а причината за судирот сè уште се утврдува.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковоќ изрази жалење за несреќата и нагласи дека најважно е што немало жртви.
„Добро е што нема жртви. Се надеваме дека и оние што се тешко повредени ќе добијат соодветна здравствена заштита и дека сè ќе заврши тука“,
рече премиерот.
Тој нагласи дека во овој момент не сака да шпекулира за причините за несреќата.
Во патничкиот воз имало 26 патници, машиновозач и кондуктер.
