Три лица, меѓу кои и едно дете, се убиени, а седум се повредени во рускиот напад врз Киев и Киевската област во текот на ноќта. Најтешко бил погоден реонот Бровари, источно од украинската престолнина, каде загинале трите лица, а уште три биле повредени, соопшти шефот на Киевската регионална воена администрација, Тимур Ткаченко.
Во нападот во Бровари биле оштетени станбена зграда, автомобили и помошни објекти.
„Русија продолжува да го тероризира цивилното население“,
напиша Ткаченко на Телеграм.

Руските сили извршиле напад и врз делови од Киев – градската воена администрација соопшти дека четири лица се повредени во квартот Холосиивски во украинската престолнина.
Киев и околината во текот на пролетта и летото се изложени на интензивни руски воздушни напади. Недостигот од системи и ракети за противвоздушна одбрана ја зголемува ранливоста, особено при напади со балистички ракети.
