Лекот „фостер“ е инхалациска терапија за астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ)

Осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот „фостер“ од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата по рецепт, соопшти Министерството за здравство.
Оттаму велат дека добиле известување од компанијата носител на одобрението за ставање во промет на лекот „фостер“, кој се наоѓа на позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите што го користат овој лек.
„Министерството за здравство во континуитет спроведува активности насочени кон обезбедување поголема достапност на лековите за пациентите по поприфатливи цени“,
велат од Здравство.
Лекот „фостер“ е инхалациска терапија за астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ).
