Од почетокот на вирусната сезона во Грција се пријавени вкупно шест смртни случаи од западнонилска треска. Се работи за пациенти над 65 години, кои развиле компликации поврзани со инфекцијата
Западнонилската треска и натаму продолжува да се шири низ соседна Грција. Само во последната недела во земјата се пријавени 23 нови случаи, објави Националната организација за јавно здравје.

Од почетокот на периодот на надзор на почетокот на јули, заклучно со 5 август, во Грција се евидентирани вкупно 65 случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Од нив, 54 пациенти развиле компликации на централниот нервен систем, додека 11 пациенти имале поблаги симптоми, без зафатеност на централниот нервен систем.
Од почетокот на вирусната сезона во Грција се пријавени вкупно шест смртни случаи од западнонилска треска. Се работи за пациенти над 65 години, кои развиле компликации поврзани со инфекцијата.
Грчките здравствени власти очекуваат дополнителни случаи во наредните недели.
