Ова, како што посочуваат од ресорното министерство, е за шест помалку во однос на претходниот ден, кога се направени вкупно 84 прегледи
Во текот на вчерашниот ден во здравствените установи во Гостивар на преглед се јавиле 78 лица, што е за шест помалку во однос на претходниот ден, кога се направени вкупно 84 прегледи.

„Епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции“,
соопштија од Здравство.
Според податоците на Министерството за здравство, во периодот од 14 јули заклучно со вчерашниот ден се регистрирани 4 762 прегледи, примени се 1 071 формални пријави за заразна болест и се изработени 748 нови епидемиолошки анкети со опфат од 70 отсто.
