Од ЦУК информираат дека пожарот е изгаснат, а во интервенцијата учествувале тројца пожарникари со едно противпожарно возило од скопската противпожарна бригада
Пожар претпладнево избувна во угостителски објект во Трговскиот центар „Лептокарија“ во скопски Карпош.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека пожарот во моментов е изгаснат, а во интервенцијата учествувале тројца пожарникари со едно противпожарно возило од скопската противпожарна бригада. Пожарот настанал во угостителскиот објект „Гиро хаус“. Се запалила скарата во објектот.
Советничката во Советот на Општина Карпош од граѓанската иницијатива „Независни за Карпош“, Татјана Стојановска, објави снимки од опожарениот објект и од густиот дим видлив од булеварот „Партизански одреди“.
„Зошто не смее да се дозволуваат објекти со кујна во станбени простории. Овде не е тој случај, но ова буквално за пет минути зафати сè“,
напиша Стојановска во објава на Фејсбук додавајќи дека пожарникарите интервенирале брзо.
