Предупредувањето доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови масовни напади врз Иран, вклучително и врз енергетската инфраструктура
Американскиот Стејт департмент ги предупреди Aмериканците, кои во моментов се наоѓаат во државите на Блискиот Исток, да бидат претпазливи и внимателни во случај на евентуална ескалација на тензиите и да бидат подготвени да заминат од регионот доколку се јави таква потреба.

„Американците во регионот треба да размислат за заминување или да бидат подготвени да заминат доколку има ескалација. Американците надвор од Блискиот Исток треба сериозно да размислат за патување до и низ регионот, а оние кои патуваат до или од регионот треба да ги следат информациите на аеродромите и авиокомпаниите“,
се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Оттаму дополнително ги повикаа државјаните на САД да ги земат предвид сите можни откажувања на летови, периодично затворање на воздушниот простор и можни други прекини во патувањето.
Предупредувањето доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови масовни напади врз Иран, вклучително и врз енергетската инфраструктура.
