Во последните 24 часа, здравствените власти регистрирале 15 смртни случаи на пациенти со ковид-19. Ова е највисоката регистрирана бројка во едно деноноќие од почетокот на пандемијата.
Осум од починатите биле од Скопје, двајца од Тетово, двајца од Струга, двајца од Гостивар и еден од Охрид.
13 од починатите битката ја изгубиле во болница, а две лица починале дома:
- Во ГОБ „8 Септември“ починати се 9 лица, двајца пациенти на возраст од 54 години, останатите на возраст од 60, 61, 75, 45, 74, 57 и 65 години;
- На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 лица, на возраст 64, 73 и 80 години;
- Во болница во Струга е почината пациентка на 67 години;
- Во домашни услови починале две лица од Скопје и Гостивар, на возраст од 65 и 82 години.
Вкупниот број на смртни случаи од ковид-19 во земјава досега изнесува 321.
Здравствениот билтен за последните 24 часа покажува дека има и нови 173 случаи на ковид-19, како и 150 оздравени пациенти.
