Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1 653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, Струмица-1, Крушево-1, Кочани-4, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-3, Ресен-3.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 150 оздравени пациенти од: Скопје-105, Куманово-1, Штип-7, Тетово-12, Струга-10, Велес-1, Охрид-4, Гостивар-1, Струмица-1, Кочани-5, Пробиштип-1, Неготино-2.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6 625, бројката на оздравени пациенти е 2 748, на починати е 321, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 556. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3 208, активни 2 010
• Куманово 769, активни 219
• Дебар 102, активни 50
• Штип 355, активни 161
• Прилеп 269, активни 43
• Тетово 723, активни 389
• Струга 242, активни 145
• Велес 189, активни 42
• Битола 54, активни 20
• Охрид 180, активни 151
• Кавадарци 21, активни 15
• Гостивар 129, активни 70
• Гевгелија 12, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 16, активни 10
• Крива Паланка 15, активни 9
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 7, активни 4
• Кочани 73, активни 21
• Пробиштип 20, активни 11
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 5, активни 3
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 3, активни 1
• Валандово 7, активни 3
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 36, активни 32
• Кичево 38, активни 32
• Ресен 111, активни 97
• Неготино 21, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1653 теста се преку: ИЈЗ – 1001, ЦЈЗ Скопје – 0, Авицена – 101, Биотек – 105, МАНУ – 112, Жан Митрев (Филип Втори) – 138, Судска медицина – 6, Систина со PCR-метода -161, ЦЈЗ Битола – 29, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 63 383 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 26 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се 8 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 87 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
