Четириесетгодишен тетовец е тешко ранет откако бил застрелан со неколку куршуми од автоматска пушка, информира полицијата.
Според полицискиот записник, вчера во 17:58 часот во СВР Тетово, Р.М. (38) од Тетово, пријавила дека на улица „Љуботенска“ бил застрелан нејзиниот сопруг Ш.М. (40).
„Од автомобил ‘мерцедес’, со непознати регистарски ознаки, излегле Н.Б. (31) и А.Б. (38), двајцата од село Лавци, и по кратка расправија со нејзиниот сопруг испукале неколку куршуми кон него, по што го избегале“,
велат од МВР.
Ш.М. бил пренесен во Клинички центар Тетово, каде што му била констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, при што се пронајдени и подигнати три чаури и еден проектил од автоматска пушка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
