Без оваа владина интервенција, согласно пресметките на Владата, малопродажната цена на бензините би се зголемила за околу 4 денари по литар, додека со мерката се очекува зголемување од околу 3 денари по литар. Кај дизел-горивото, без донесената Одлука на Владата цената би се зголемила за околу 8 денари по литар, додека со намалената акциза се очекува покачување од околу 6 денари по литар, велат од Влада

За да амортизира дел од ценовниот раст, Владата денеска донесе одлука за намалување на акцизите на бензинот и дизелот.
Оттаму велат дека евидентен е висок просек на котациите на суровата нафта и нафтените деривати на светските пазари, но дека будно ја следат состојбата.
Амортизирањето, всушност значи зголемување на малопродажната цена на бензините од околу 3 денари по литар и за околу 6 денари за дизел-горивата, наместо повеќе.
„Без оваа владина интервенција, согласно пресметките на Владата, малопродажната цена на бензините би се зголемила за околу 4 денари по литар, додека со мерката се очекува зголемување од околу 3 денари по литар. Кај дизел-горивото, без донесената Одлука на Владата цената би се зголемила за околу 8 денари по литар, додека со намалената акциза се очекува покачување од околу 6 денари по литар. Владата очекува Регулаторната комисија за енергетика, во согласност со своите законски надлежности, да ја донесе одлуката за новите малопродажни цени на горивата, при што ефектите од владината мерка ќе придонесат граѓаните и понатаму да плаќаат пониски цени отколку што би биле без оваа интервенција“,
велат од Влада.
Оттаму посочуваат дека внимателно ќе се следат сите движења на цените и, доколку околностите тоа го наложат, ќе бидат разгледани и дополнителни мерки.
