Максималната температура се очекува да достигне од 31 до 39 степени
Сончево и топло време со мала до умерена облачност, најавуваат синоптичарите. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира УХМР. Минималната температура е во интервал од 12 до 21 степен, а максималната се очекува да достигне од 31 до 39 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Според најавата од УХМР, до понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде денеска и во деновите од викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 31 степен. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
