Му ја доверив на Евгениј Хмара должноста да биде вршител на должност министер, да продолжи со реформите во одбранбениот сектор и да обезбеди Украина да ги постигне сите резултати за кои разговаравм, соопшти Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го назначи началникот на Безбедносната служба на Украина (СБУ), Евгениј Хмара за привремен министер за одбрана. Станува збор за генерал-мајор со големо искуство во спроведување на технолошките боребни операции, а токму тоа е правецот во кој треба да бидат насочени одбранбените напори во текот на војната, наведе Зеленски во својата објава.
„Му ја доверив на Евгениј Хмара должноста да биде вршител на должност министер, да продолжи со реформите во одбранбениот сектор и да обезбеди Украина да ги постигне сите резултати за кои разговаравме“,
порача Зеленски.

Зеленски додава и дека искуството на Хмара претставува значајна предност за функцијата министер за одбрана.
„Во сегашните околности, сметам дека вистинската ефикасност во операциите со долг дострел, силното искуство во безбедносниот сектор кое ќе обезбеди контрола врз внатрешната состојба во сите компоненти на Одбранбените сили, како и реалното искуство во раководење со персоналот во Центарот за специјални операции „Алфа“ при Службата за безбедност на Украина (СБУ), претставуваат значајна предност за функцијата министер за одбрана на Украина“
доаде Зеленски.
Неговото назначување доаѓа по смената на популарниот министер за одбрана Михајло Федоров, што предизвика реакции низ државата. Во неколку градови во Украина се одржаа протести на кои претежно млади луѓе, се собраа со транспаренти на кои пишуваше „Тргнете ги рацете од Федоров“ и „Престанете да ја саботирате победата!“
