Назначен пред само шест месеци, Федоров изгради репутација на модернизатор кој се обиде да ја реформира украинската војска, исцрпена од повеќе од четиригодишната руска инвазија. Зеленски сè уште не ја објаснил одлуката за неговата смена
Во неколку градови во Украина се одржуваат протести откако претседателот Володимир Зеленски го разреши популарниот министер за одбрана Михајло Федоров.
Група луѓе, претежно млади, се собраа во Киев, држејќи транспаренти на кои пишуваше „Тргнете ги рацете од Федоров“ и „Престанете да ја саботирате победата!“ и скандирајќи „Срам!“, објави „Би-Би-Си“.
Зеленски сè уште не ја објаснил својата одлука, што предизвикува значително незадоволство кај коментаторите и војската, како и кај делови од граѓанското општество.
35-годишниот Федоров беше назначен во јануари, но му се припишува заслугата за оживување на министерството, водење на борбата против корупцијата и користење на податоци за анализа и обид за подобрување на перформансите на борбената линија.
Toj го убеди основачот на „SpaceX“, Илон Маск, да ги исклучи терминалите „Старлинк“ што ги користи руската војска, што предизвика значително нарушување на руските операции на фронтот.
Пред да дојде на чело на Министерството за одбрана, Федоров ја водеше дигиталната трансформација на Украина и стекна репутација како еден од главните модернизатори на земјата, особено во развојот на технологијата за беспилотни летала.
Пратениците треба да гласаат за предложената замена за министер за одбрана, Ихор Клименко, кој моментално го води Министерството за внатрешни работи.
Смената на Федоров некои ја поврзуваат со тензиите меѓу него и поконвенционално настроениот врховен командант Александар Сирски, додека други го истакнаа неговиот неуспех да дејствува доволно брзо во врска со реформата за мобилизацијата во војската.
„Ова е најлошата грешка што Зеленски ја направил за време на целото негово претседателствување“, изјави Олександр, украински војник, за „Би-Би-Си“, кој се пријавил во војската претходно годинава затоа што му верувал на тимот и визијата на Федоров.
Откако беше назначен, Федоров се зафати со реструктуирање на Министерството за одбрана, кое многумина во Украина го сметаат за премногу заглавено во бирократија и стари ставови од советската ера.
Во објава на Фејсбук кратко по неговото разрешување, Федоров ги наведе своите достигнувања и рече дека му било чест да му служи на украинскиот народ.
Истакнатиот блогер Серхиј Стерненко, кого Федоров го донесе како советник, го поздрави својот поранешен шеф како „најдобриот министер за одбрана во целата наша историја“ и се пожали на „бирократските пречки и вештачките одложувања“ за кои рече дека стоеле на патот на подлабоки реформи.
Павло Јелизаров, познат командант на единица за беспилотни летала, поднесе оставка од својата позиција заменик-командант на украинските воздухопловни сили во знак на протест против разрешувањето на Федоров – потег што тој го нарече „големо зло за одбранбената способност на земјата“.
Good morning from Kyiv. Thousands of Ukrainians are turning out for another rare wartime public protest — a year after the last one — demanding that President Zelenskyy reappoint popular defense minister Mykahilo Fedorov. Ukraine’s parliament is scheduled to begin voting in a new… pic.twitter.com/X2C9f0RhP4
— Christopher Miller (@ChristopherJM) July 16, 2026
