Во болниците во земјава има вкупно 411 пациенти со ковид-19, од кои на респиратор се 10 пациенти.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени 6 пациенти, со што вкупно се хоспитализирани 91 пациент. На кислородна поддршка се 44 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 24 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, две деца позитивни и пет со симптоми на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ се примени 8 нови, вкупно се хоспитализирани 131 пациент. На респираторна машина се 10 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека бројот на пациенти кои се примаат во болниците се намалува, а се зголемува бројот на оздравени, што го покажува и денешната статистика за ситуацијата со ковид во изминатите 24 часа.
Инфективната клиника го промени начинот на третман на пациентите со ковид-19 и според изјавата на директорката Милена Сттевановиќ тие веќе не се ставаат на респиратор бидејќи утврдиле дека ова не дава резултати.
Сите пациенти што се на респиратор се во ГОБ „8 Септември“.
