Четири лица починаа како последица на ковид-19, регистрирани се 120 нови случаи, додека бројот на оздравени е 123, информира Министерството за здравство за состојбата во земјава во изминатите 24 часа.
Четирите починати лица во изминатото деноноќие се од ГОБ „8 септември“ на возраст од 51, 56, 58 и 67 години.
Во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје – 64, Тетово – 14, Охрид – 7, Струга, Кичево и Ресен по 5, во Куманово и Дебар по 4, Битола – 3, Штип, Прилеп, Гостивар и Свети Николе по 2 и Македонски Брод – 1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени пациенти од: Куманово – 92, Скопје – 17, Ресен – 5, Тетово – 4, Штип – 2, Прилеп, Велес и Кичево по 1.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6 454, бројката на оздравени пациенти е 2 598, на починати е 306, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 550. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3 134, активни 2 049
• Куманово 760, активни 211
• Дебар 96, активни 44
• Штип 347, активни 160
• Прилеп 263, активни 37
• Тетово 714, активни 394
• Струга 225, активни 140
• Велес 186, активни 40
• Битола 54, активни 20
• Охрид 174, активни 150
• Кавадарци 18, активни 12
• Гостивар 122, активни 66
• Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 15, активни 10
• Крива Паланка 15, активни 9
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 69, активни 22
• Пробиштип 19, активни 11
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 5, активни 3
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 2, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 30, активни 26
• Кичево 35, активни 29
• Ресен 108, активни 94
• Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 954 теста се преку: ИЈЗ – 232, Авицена – 109, Биотек – 130, МАНУ – 110, Жан Митрев (Филип Втори) – 203, Судска медицина – 17, Систина со PCR-метода – 109, ЦЈЗ Битола – 43, лаборатории од странство – 1.
Досега во земјата се направени вкупно 61 727 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
