Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец
Од утре се очекува претежно сончево време со променлива облачност во текот на денот
Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека попладне на повеќе места ќе има услови за пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер со умерен интензитет, кој повремено наместа ќе се засилува.
„Утринската температура ќе се движи од 9 до 15 степени, а дневната ќе достигне меѓу 28 и 37 степени“,
се вели во прогнозата.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
„Минималната температура ќе изнесува околу 13 степени, а максималната ќе достигне до 32 степени“,
соопштија од УХМР.
Од утре се очекува претежно сончево време со променлива облачност во текот на денот.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој особено во понеделник и вторник на места ќе достигнува брзина поголема од 50 километри на час.
