Дваесет и едногодишен жител на Пехчево, кој го поттикнал малолетникот, е осомничен за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем

Полицијатa поднесе кривична пријава против 21-годишен жител на Пехчево поради сомнение за сторено кривично дело оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.
Според полицијата, пријавениот поттикнал малолетник да одземе банкарска картичка од неговиот дедо и без негова дозвола, во повеќе наврати подигнале пари во вкупна вредност од 156 илјади денари.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.В. (21) од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем. Пријавениот поттикнал малолетник да одземе банкарска картичка од неговиот дедо и без негова согласност и дозвола од банкомат во седум наврати подигале парични средства, при што на оштетениот му нанеле вкупна материјална штета во вредност од 156 000 денари“,
соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
