Снимател и камерман од албанската редакција во Македонската радио-телевизија (МРТ) почина од коронавирусот.
Шелон Ахмети почина на 51-годишна возраст, а работниот век го поминал во јавниот сервис.
Тој е втор медиумски работник кој ја загуби битката со ковид-19.
Пред еден месец по кратко боледување почина и 44-годишниот Беким Бајрамоски од струшкото село Лабуништа. Тој речиси две децении работеше како техничар во локалната струшка телевизија „Спектра“.
