Првиот земјотрес во Венецуела со магнитуда од 7,2 степени според Рихтеровата скала се случи на 24 јуни, на околу двесте километри западно од Каракас. По него следуваше втор земјотрес со магнитуда од 7,5 степени, на оддалеченост од 45 километри. Бројот на повредени достигна 16 470, додека бројот на лица кои останаа без своите домови скокна на 17 345

Бројот на загинати во двата земјотреси во Венецуела се искачи на 3 342, објави венецуелското Министерство за информирање. Бројот на повредени достигна 16 470, додека бројот на луѓе кои останаа без своите домови скокна на 17 345.
Првиот земјотрес во Венецуела со магнитуда од 7,2 степени според Рихтеровата скала се случи на 24 јуни, на околу двесте километри западно од Каракас. По него следуваше втор земјотрес со магнитуда од 7,5 степени, на оддалеченост од 45 километри, а потоа и низа последователни потреси.
Земјотресот со магнитуда од 7,5 степени беше најсилниот во последните повеќе од сто години, велат податоците на Американскиот геолошки институт.
Претходно во неделата, во говорот по повод 215-годишнината од Денот на независноста на Венецуела, привремената претседателка Делси Родригез ги бранеше мерките што владата ги презеде по двата земјотреси. Инаку, сè посилно е незадоволството од одговорот на државата на катастрофата, кој многумина го сметаат за задоцнет и недоволен.
Родригез изјави дека веднаш ги активирала безбедносните служби и најави основање нова воена единица што ќе помага во вонредни состојби и катастрофи.
